ПОВЕЌЕ

    Вработените се на прво место

    Време зa читање: 3 минути

    Бизнис магнатот Ричард Бренсон рекол: Клиентите не се на прво место. Вработените се. Ако се грижите за вашите вработени, тие ќе се грижат за клиентите“  затоа, на комапнијата СН финансии слоганот е “Нашата моќ е нашиот тим

    Оваа есен тие ќе ја паметат по еден посебен викенд исполнет со многу активности со обуки, дружење, награди и славење. 

     

    “По интензивна година исполнета со работа, предизвици, професионални обврски и резултати, секој вработен заслужува да помине пријатно време во друштво на колеги, така што различните се трудиме да организираме дружења во најинтересните туристички дестинации и дома и во странство. За оваа есен, изборот беше, дома. И тоа во питомата Преспа. Нашите тим билдинзи се тематски, каде што, покрај туризам и релаксација, се разгледуваат и визијата и целите што треба да се остварат во иднина” – истакна Бујар Драла шеф на секторот за човечки ресурси на оваа Финтек компанија која е првата ваква комапнија во Македонија формирана од домашен капитал.

     

    Тим билдингот е процес кој придонесува за зајакнување и хармонизирање на тимот, им помага на организациите а и на вработените да изнајдат начин заеднички да си ги остварат поставените цели и задачи.

     

    Тим билдинг активностите се и одличен начин да се подобри мотивацијата, продуктивноста и комуникацијата меѓу вработените, да се изгради доверба и да се развијат вештини за решавање на проблемите.

    Сепак, крајна цел на тим билдингот е тимската работа успешно да биде интегрирана во секојдневието на работното место. А ова е една од комапниите кои се одличен пример за тоа. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично