ПОВЕЌЕ

    Идните инженери со голем интерес за можностите за пракса и вработување во БРАКО

    Време зa читање: 2 минути

    Студентите од Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ и Технолошко – металуршкиот факултет во изминатите четири дена изразија огромен интерес и во голем број го посетуваа штандот на македонската компанија БРАКО за време на Саемот за практикантство и вработување.

    Младите идни инженери од различни струки се интересираа за производствените процеси кои се одвиваат во БРАКО, особено за линијата за производство на возила за одржување на хигиена во урбани услови, како и за другите производствени погони опремени со современа и технолошки напредна опрема, а искуствата од работата им ги пренесуваа млади тукушто дипломирани инженери кои неодамна се вработија во фабриката.

    „Најсовремената технологија која се применува во производствениот процес во БРАКО, истражувањето и развојот, воведувањето на иновации, уникатни и препознатливи производи, позитивните впечатоци и препораки од веќе вработените колеги, но и одличните услови и можности за практикантство и вработување се главните фактори поради кои не сум изненаден од големиот број на позитивни впечатоци и апликации за спроведување на пракса во нашата компанија,“ сподели Горан Кацарски, менаџер за човечки ресурси во БРАКО.

    БРАКО е компанија која во изминатите 20 години реализира континуирани инвестиции во нови технологии и унапредување на процесите, а особено инвестира во вработените, како најважен ресурс за побрз и одржлив развој и можност да се создаваат производи со повисока додадена вредност атрактивни за странските пазари. Групацијата Феро Инвест, чиј дел е и БРАКО, заеднички многу инвестираат во високо образованиот стручен технички кадар и може да се истакне дека со вкупниот број од над 170 инженери од сите технички струки се едни од лидерите во оваа категорија во Република Северна Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично