Со Предлог Буџетот за 2023 година, буџетскиот дефицит е 4,6 отсто од бруто домапниот производ, или во апсолутен износ е речиси 700 милиони евра. Порталот „Пари“ уште пред 3 недели пишуваше дека се очекува буџетскио дефицит меѓу 4,2 и 6,6 отсто од БДП, односно меѓу 660 и 725 милиони евра
Предлог-буџетот за 2023 година предвидува вкупни приходи од 282 милијарди денари (4,58 милијарди евра), расходи од 324,8 милијарди денари (5,28 милијарди евра) и буџетски дефицит на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП.
Парите што се планираат да се слеат во државната каса се потпираат на новата даночна реформа што треба да стапи во сила од 1 јануари, меѓутоа да се подобри и наплатата на даноците, односно да се намали процентот на сивата економија.
Ќе нема зголемување на даночните стапки, ќе нема нови даноци, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција попладнево на која изнесе детали за предлог Буџетот за 20223 година кој беше усвоен на денешната 98-ма седница на владата.
Даночната реформа, според него, ќе се базира врз основа на проширување на даночната база. На прашање на Телма за воведување на прогресивниот данок, министерот Бесими не можеше да одговори дали ќе се воведува, бидејќи, како што кажа, јавните расправи и консултации сè уште траат.