ПОВЕЌЕ

    Емилија Томовска, Екатерина Кузмановска и Катица Трајкова најдобри банкарски службеници за 2022 од НЛБ Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, синоќа во организација на Македонската банкарска асоцијација, се случија традиционалните банкарски „Оскари“. Станува збор за традиционален настан каде најдобрите банкарски комерцијалисти во државава добија признание за постигнати особени резултати во нивната работа.

    Во свечена атмосфера беа додели наградите на дури 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.

    Оваа година од НЛБ Банка признание за најдобри шалтерски работници за 2022 година им беа доделени на: Емилија Томовска, банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Битола, Екатерина Кузмановска, благајник во продажна мрежа, вработена во експозитура Универзална сала, Катица Трајкова, банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Струмица.

    При изборот беа земени предвид повеќе критериуми, како што се: бројот и разновидноста на извршените трансакции, односот кон клиентите, колегите и останатите вработени во банката, како и работниот стаж и минатото искуство кое го имаат вработените во Банката.

    Им честитаме на колегите и им посакуваме уште многу успеси во нивното работење!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично