ПОВЕЌЕ

    Елизабета Трајаноска, Анета Тодоровска и Стојанче Крстов се „Најдобри банкарски службеници“ од Стопанска банка АД – Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    На 31.10 МБА – Македонската банкарска асоцијација по повод Светскиот ден на штедење го организираше традиционалниот настан на кој се прогласуваат најдобрите банкарски службеници за 2022 пред присутните Министер за финансии, Гувернер на НБРСМ, Директор на Фонд за осигурување на депозити, членовите на Управните одбори на Банките и штедилниците и други еминентни гости.

    Како празник за банкарскиот сектор, Светскиот ден на штедење го одбележуваме со цел нагласување на значењето на депозитите како двигатели на економијата но и на банките како традиционално доверлив дом за заштедите на граѓаните и компаниите.

    Колегите кои оваа година го понесоа признанието „Најдобри банкарски службеници“ од Стопанска банка АД – Скопје се:

    • Елизабета Трајаноска, Раководител на служба за продажба, Филијала Охрид
    • Анета Тодоровска, Раководител на служба за продажба, Филијала Веро2
    • Стојанче Крстов, Советник за продажба, Филијала Штип

    На колегите им честитаме за признанието и се надеваме дека ќе биде дополнителен поттик во развојот на нивните кариери. Дополнително, им благодариме за посветеноста, трудољубивоста и професионалноста со која го достигнаа ова признание, меѓутоа и признанието од своите соработници и колеги. Со посветеност и интегритет, овие колеги придонесуваат кон корпоративната култура која ја градиме низ годините и со која се гордееме.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично