ПОВЕЌЕ

    Кои се ,,БУГАРСКИТЕ БАРОНИ”- првите бугарски милијардери на листата на Форбс?

    Време зa читање: 2 минути

    На најновата листа на магазинот Форбс на милијардери за 2022 година се најдоа и имињата на двајца Бугари, браќата Домушчиеви, Кирил и Георги. Од нив, според Форбс, секој поседува по две милијарди долари.

    Георги Домушчиев е косопственик, заедно со неговиот брат Кирил, на бугарскиот инвестициски конгломерат Advance Properties. Основана во 2003 година, Advance Properties има интереси за здравјето на животните, превозот, управувањето со пристаништа, недвижностите и фудбалот.
    Најголемото богатство на Advance е Huvepharma, шестата по големина компанија за здравје на добиток во светот, која има фабрики во четири земји, вклучувајќи ги и САД.
    Браќата Домушчиеви започнаа со продажба на локално производство на чевли во 1990-тите, а потоа почнаа да инвестираат во приватизирани државни компании.
    Тие ја поседуваа и најголемата бугарска медиумска ТВ мрежа, Нова ТВ, од февруари 2019 до јануари 2021 година, кога ја продадоа за 340 милиони долари.

    „Сето ова го постигнавме благодарејќи на професионалноста и на успесите на наштите колеги од Соединетите Американски Држави, Белгија, Бугарија и секаде низ светот“, изјави Кирил Домушчиев за весникот 24Часа во ноември минатата година. За двајцата браќа Форбс има снимено и документарец под наслов „ Запознајте ги првите бугарски милијардери кои создадоа глобална фирма за благосостојба на животните од Бугарија до Небраска“.

    Домушчиеви, кои Форбс ги нарекува „бугарските барони“, го изградиле своето богатство купувајќи некогашни бугарски државни претпријатија, кои потоа ги поставиле на здрави нозе и ги развиле и прошириле. Покрај сопственоста врз Хуверфарма, тие имаат и бројни недвижности, како и фудбалски клуб.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично