ПОВЕЌЕ

    Просечната бруто плата во јануари изнесува 44 762 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.1.

    Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14.2 %), Други услужни дејности (14.0 %) и Трговија
    на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (10.7 %).
    Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.7 %) и Други услужни дејности (5.0 %).
    Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 44 762 денари.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично