ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка го проширува својот тим во Одделот за позадински обработки на платен промет, средства и ликвидност

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка А.Д. Скопје го проширува својот тим и објавува:

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО Соработник во Оддел за позадински обработки на платен промет, средства и ликвидност
    (1 извршител со договор на определено време со можност за продолжување)

    Потребни квалификации и способности:

    • Високо образование од областа на економските науки, електротехнички науки организациски науки и управување (менаџмент)
    • Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
    • Организациски и аналитички способности
    • Комуникациски вештини
    • Способност за тимска работа
    • Способност за идентификација на проблеми
    • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери

    Краток опис на работно место:

    • Реализација на налози во денарски платен промет, контрола на реализација на интерни налози и налози кои се реализираат преку КИБС и МИПС
    • Преземање, внесување и измена на курсна листа
    • Пресметка на дневни/месечни провизии  за правни лица од трансакции во денарски платен промет
    • Администрирање на решенија за присилна наплата (прием, внес, контрола и извршување) и постапување по добиени стечајни решенија
    • Креирање на SWIFT пораки за плаќања со ностро дознаки
    • Контрола и креирање на SWIFT пораки за меѓубанкарски трансфери и тргувања со девизни средства (арбитражи)
    • Изготвување на акредитиви  и девизни гаранции
    • Истраги и решавање на спорни ситуации поврзани со платниот промет со странство
    • Администрирање на трансакции од девизeн платен промет
    • Администрирање на депозити и кредитни линии од Банки и финансиски институции
    • Администрирање на трансакции од примарен и секундарен пазар на хартии од вредност (државни записи, државни обврзници и благајнички записи) и администрирање на сопственички хартии од вредност-акции

    Работно време: 40 часовно неделно работно време (понеделник – петок 08:00-16:00)

    Локација на работното место: Централа Скопје

    Останати информации: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 06.02.2022 година (недела), со назнака: „Апликација за соработник во Оддел за позадински обработки“ на следната е-маил адреса: [email protected].

     

    Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

    Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично