ПОВЕЌЕ

    Најголемата зделка во историјата на „Oracle“ вредна 28,3 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Гигантот Oracle Corporation планира да ја купи компанијата за електронска медицинска евиденција Cerner во готовински договор вреден 95 долари по акција, или приближно 28,3 милијарди долари во вредност на акциите. Договорот, кој се очекува да биде завршен во 2022 година, ќе му помогне на Oracle да го зајакне своето присуство во областа на здравствената заштита и да го додаде во своите облак услуги.

    Акциите на Oracle паднаа за повеќе од 2% во понеделникот наутро, откако компаниите го објавија договорот. Акциите првично паднаа за 6% во петокот откако Wall Street Journal прв објави дека Oracle ќе го купи Cerner.

    Масивната аквизиција е најголемата досега за Oracle, еден од најголемите провајдери на софтвер. Основана во 1977 година, компанијата имаше пазарна капитализација од 264 милијарди долари рано наутро во понеделникот.

    Доаѓа во време на бум во глобалните спојувања и превземања, бидејќи спојувањата и превземањата ја преминаа бариерата од 5 трилиони долари за прв пат во 2021 година, предводени од технологијата и здравството.

    Cerner, со седиште во Канзас Сити, Мисури, ќе стане единица на Oracle.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично