ПОВЕЌЕ

    Погледнете ги домовите на 6те најбогати американци

    Време зa читање: 4 минути

    Повеќето од овие милијардери, сè уште ги чуваат своите удели во компаниите кои ги основале. Но дел од нивното богатство го имаат инвестирано и во недвижнини. Еве дел од нивните резиденции:

    1. Џеф Безос – Медина, Вашингтон

    Џеф Безос се најде на 26тото место на списокот на „Land Report“ на најголемите земјопоседници во Америка минатата година. Во однос на резиденциите, тој има ранч во Тексас, три поврзани станови во кула и имот на Беверли Хилс од 12.000 квадратни метри, каде неговиот сосед е Том Круз.

    2. Бил Гејтс – Медина, Вашингтон

    Бил Гејтс во Вашингтон има палата во вредност од 170 милиони долари, како и неколку луксузни хотелски ланци преку неговата приватна фирма за инвестиции, Каскада. Но тој го поминува поголемиот дел од своето време во неговата палата кој тој ја вика, Занаду 2.0, по имотот на ликот од филмот „Граѓанинот Кејн.“ Замокот го гледа езерото Вашингтон. За изградба на оваа куќа беа потребни 7 години и 63,2 милиони долари.

    3. Ворен Бафет – Омаха, Небраска

    Тој е познат по тоа што живее смирено и скромно. Бафет го купи неговиот дом во 1958 година за 31.500 долари, и од таа година, тој таму живее. Куќата е изградена во 1921 година.

    4. Марк Закерберг – Пало Алто, Калифорнија

    Најмладиот и најбогат претприемач го вложува најголемиот дел од своето богатство во училиштата, здравството и други добротворни цели. Тој го купи својот прв дом од 5.000 квадратни метри во Пало Алто во 2011 година за 7 милиони долари. Исто така купи и четири соседни куќи околу неговиот дом во текот на наредните години за околу 43,8 милиони американски долари, за подобро да ја задржи приватноста.

    5. Лери Елисон Ворт – Вудсајд, Калифорнија

    Претседателот и ко-основач на Оракл, Лери Елисон, има огромно портфолио на недвижнини. Тој купил големи делови од цели населби во Малибу и околу езерото Тахое. Тој е сопственик на палата од 70 милиони долари на островот Рода. Исто така има и вила во Кјото, Јапонија, и има остров на Хаваите кој е шести по големина, која го купи во 2012 година за 500 милиони долари. Неговиот имот во Вудсајд, Калифорнија, со проценета вредност од 110 милиони американски долари, е дизајниран во јапонски стил од 16-ти век.

    6. Мајкл Блумберг- Менхетен, Њујорк

    Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, има повеќе од десетина имоти низ целиот свет. Поседува имоти во Хемптонс во Њујорк, Лондон, Бермуда, Колорадо и Флорида. Зградата во која живее е на 5 спрата. Од 1989 година, тој постојано купува станови на 79тата улица на источната страна на Њујорк, што е во непосредна близина до неговата моментална резиденција. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично