ПОВЕЌЕ

    Халкбанк откупи 300 билети од МНТ во знак на поддршка за културата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона-кризата.

    Преку доделување ваучери, или пак однапред купување разни услуги од малите бизниси кои беа принудени да ги затворат своите врати поради карантинот, банката на индиректен начин помагаше на голем број угостители, салони за убавина, спортски центри, цвеќари итн.

    Меѓутоа, ниту театрите не останаа имуни на пандемијата, па така и салите на Македонскиот народен театар веќе четврти месец се празни, па во рамки на заложбата на Халкбанк за поддршка на нивните клиенти, но истовремено и во знак на поддршка и за културата, банката откупи вкупно 300 билети за три нивни претстави.

    Се работи за претставите „Магбет“, „Галеб“ и „Еден месец на село“, кои ќе се одржат кога ќе се создадат услови за тоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично