ПОВЕЌЕ

    30 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ, УГРИНОВСКИ: Успехот на „Неуромедика“ е резултат на напорна работа, на најдобрите доктори и напредната медицинска апаратура

    Време зa читање: 4 минути

    Во присусто на повеќе од 2000 еминентни гости приватната болница Неуромедика го прослави 30 годишниот јубилеј. Сопственикот и генерален менаџер на Неуромедика, д-р Емил Угриновски, посочи дека основањето и развивањето на прв приватен здравствен бренд во Македонија не било лесно на почетокот. Успехот на болницата како што вели тој, најмногу се должи на напорната и посветена работа, најдобрите лекари и современата апаратура.

    “Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да биде она што е денес” – истакна Угриновски.

    Инаку, настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје.

    На настанот присуствуваа огромен број на гости од земјава и странство, меѓу кои познати, еминентни доктори, медицински лица, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот, пријатели и соработници на компанијата.

    Награда за животно дело му беше доделена на нашиот најпознат неврохирург проф. д-р Јовица Угриновски, за неговата идеја, реализација и посветеност кон развојот на Неуромедика. Неговиот придонес во здравството е неизмерно, а бројот на пациенти на кои со своето знаење и искуство им помогнал е огромен.


    30 годишното искуство и опстојување на пазарот е доказ за успешната приказна на Неуромедика. Со континуирана посветеност кон своите клиенти, но и вработени, постојано вложување во модерна и современа опрема, оваа компанија успева да се одржи на врвот на македонското здравство.

    Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија, основан како семеен бизнис од семејството Угриновски во месец јуни далечната 1992г. Она што на стартот била една скромна приватна амбуланта од двајца лекари и една медицинска сестра, за брзо време прераснала во национална поликлиника со повеќе специјалности и со модерни, напредни медицински услови и апаратури.

    Под водство на д-р Емил Угриновски, Неуромедика веќе во раните 2000-ти години била распространета низ целата наша држава со поликлиники и дијагностички центри во шест градови, па дури и со два дијагностички центри во земја од ЕУ, односно во Р. Грција.

    Најголемо достигнување во развојот е изградбата и отворањето на болницата Неуромедика во 2017 година која е инвестиција од 8 милиони евра од сопствен, домашен капитал. Болницата е изградена по највисоки медицински стандарди и е опремена со најсовремена апаратура. Во неа работи тим од над 120 лица, составен од еминентни лекари професори, хирурзи, специјалисти, искусен и посветен помошен медицински кадар, административен персонал и менаџери.

    Пациентите и нивното здравје секогаш се во главен фокус на Неуромедика, па затоа оваа компанија несомнено и во иднина ќе биде во врвот на македонското и регионално здравство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично