ПОВЕЌЕ

    20-те најбогати милијардери побогати за 742 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Богатството на милијардерите за време на пандемијата е поголемо за четири трилиони долари.

    Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС) беше објавен на порталот Бизнис инсајдер, кој покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти или четири трилиони долари.

    Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

    Извештајот на меѓународната организација Оксфам објавен на почетокот на 2021 година покажа дека милијардерите се побогати за околу 3,9 милијарди долари.

    Во извештајот се наведува дека парите ќе помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирус, и со нив може да се купат доволно вакцини доволно за секого.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично