ПОВЕЌЕ

    2020 година ќе влезe во книгите за економска историја, особено за Австрија

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата 2020 година ќе влезе во светските книги за историјата на економиите, особено за Австрија, како една од најтешките економски години по Втората светска војна.

    Според анализата на работната група „Агенда Австрија“, загубата во Австрија за периодот од 2020 до 2024 година ќе изнесува околу 140 милијарди евра.

    Ако во таа бројка се вклучат и средствата што државата ги издвоила за да се стабилизира економијата, тогаш би се работело за повеќе од 175 милијарди евра.

    Загубите се огромни во споредба со очекувањата од периодот пред кризата.

    Анализата покажува дека Австрија во 2022 година, покасно од другите земји, повторно ќе го достигне нивото што беше пред корона кризата.

    Меѓутоа и во 2024 година, се очекува БДП да биде за 20 милијарди евра помалку од периодот како што беше пред кризата.

    Работната група „Агенда Австрија“ се надева дека го гледа крајот и почетокот на процесот на враќање на изгубеното, но сепак сметаат дека кризата ќе продолжи и понатака да влијае на економскиот раст и приходите во наредните години. Особено за пазарот на трудот, потребни се години за да се надмине кризата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично