ПОВЕЌЕ

    20 милијарди долари инвестиција во вештачка интелигенција

    Време зa читање: 2 минути

    Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција до 2030.

    Најголемата економија во арапскиот свет во октомври започна стратегија за вештачка интелигенција, со цел да привлече инвеститори во рамките на амбициозниот план на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „Визија 2030“ за ублажување на зависноста на земјата од нафта, пренесува порталот Акцент.мк.

    „Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари до 2030 година“, рече Абдалах ал Гамди, директор на Дирекцијата за податоци и вештачко разузнавање, основана во 2019 година.

    Според него, земјата сака вештачката интелигенција да биде компонента на алтернативната економија преку старт-апи и иновативни компании. До 2030 ќе бидат финансиран 300 старт ап компании.

    „Ние ја гледаме вештачката интелигенција како извор на дополнителни заштеди и приходи“, додаде Гамди во пресрет на онлајн самитот на лидерите на Групата 20 најиндустријализирани земји во светот и земјите во развој – Г20.

    Како и другите земји богати со енергија во Заливот, Саудиска Арабија е особено фокусирана на технологии за диверзификација на нејзината економија погодена од ниските цени на нафтата и епидемијата на коронавирус.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично