ПОВЕЌЕ

    15 винарии лани оствариле приход од 70,8 милиони евра. ,,Тиквеш” со преполовена добивка, како работеле останатите?!

    Време зa читање: 4 минути

    ПАРИ АНАЛИЗА: Како зрее грозјето, зрее и вечаната борба меѓу лозарите и винарниците. Откупната цена на грозјето повеќе години не е променета. „Смедеревката“ се откупува по цена од 11 денари по килограм, а лозарите бараат 16 денари, додека „вранецот“ се откупува по  13 денари по килограм, а лозарите бараат 17 денари.

    Лозарството е многу важна земјоделска гранка, а винарството – извозна. Минатата година, винарниците беа под силен економски удар поради пандемијата која донесе низа реструкции и затворања во угостителските објекти кај нас и во светот. Тоа ги намали извозот на вино за 2,8 проценти во 2020 година во однос на 2019 година. Лани, македонските винарници извезеле вино за околу 45 милиони евра.

    Лозарите произведуваат околу 200.000 тони грозје, од кои околу 70 проценти е за вино. Некоја груба математика покажува дека од винското грозје тие добиваат околу 280 милиони евра (140.000.000 кг по 2 евра).

    Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк анализираше колку пак, винарниците добиваат од производството на вино. Во Македонија имаше над 70 регистрирани винарници, а со новите законски олеснувања од минатата година во јули, за една година, во сред пандемија, дополнително се регистрираа четириесеттина мали семејни винарници.

    Првите 15 винарски компании по приход, лани заедно оствариле вкупен приход од 70,8 милиони евра. Притоа, тие заедно направиле добивка од 3,7 милиони евра. Во 2019 година, вкупниот приход на 15- те најголеми винарниците бил 72,8 милиони евра, а вкупната добивка изнесувала 5,2 милиони евра.

    Секако, најголемата винарница кај нас, која се смета и за амбасадор на нашето вино во светот е „Тиквеш“. Компанијата лани остварила добивка од околу 1,1 милион евра, но таа е за дури 59,3 проценти помала отколку во 2019 година.

    На второ место по големина на вкупен приход е Риго импекс ДОО Скопје. Компанијата остварила вкупен приход од 5,7 милиони евра и лани направила поголема добивка отколку во 2019 година. Имено, ланската добивка и е околу 600.000 евра, а таа од 2019 година и е околу 440.000 евра.  Оваа винарница не е толку експонирана во јавноста, но според официјално објавените податоци има добар капацитет и извоз.  „Риго импекс“е снована во 1990 година, своите први количини на наливно вино ги извезува во Германија, во 1992 година. Во 2000 година, ја градат Винарската визба во Гевгелија, на „Мрзениски рид“ со убав поглед на целиот град и Вардарската долина. Покрај Винаријата во Гевгелија која има капацитет од 15.000.000 литри, „Риго импекс“ поседува и помала винарија во Валандово со капацитет од 2.500.000 литри. Лозовите насади со кои располага компанијата се на површина од 120 хектари каде се одгледуваат различни сорти на грозје за сопствени потреби. Компанијата има долгогодишните партнерски односи со клиенти од Германија, Србија и Канада.

    На третотот место е „Имако“, а вината од оваа винарница се широко распространети низ земјава, тие се во пластична амабалажа и со ниска, достапна цена. Оваа компанија имала вкупен приход од 5,3 милиони евра, а ланската добивка и е околу 300.000 евра, за 24 проценти помалку отколку во 2019 година кога имала добивка од околу 400.000 евра.

    Инаку, во групата 15 најголеми винарници, две оствариле загуба и во 2019 и во 2020 година. Но, и на двете значајно им се намалила загубата во 2020 година во однос на 2019. Станува збор за винарницата „Стоби“ која лани ја завршила со минус од 1,1 милиони евра и винарницата и „Аневски винарија“ која лани влегла во минус од околу 55.000 евра.

    ТОП 5 ВИНАРНИЦИ (во евра)

    ВинарницаПриход 2020Добивка 2020Добивка 2020/2019
    Тиквеш-Кавадарци25.350.0001.090.000-59,3%
    Риго импекс -Скопје 5.700.000600.000+32,2%
    Имако - Штип5.300.000300.000-24,5%
    Стоби - Градско4.800.000- 1.100.000-28,3%
    Визба - Валандово4.180.000 176.000-57,8%

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично