ПОВЕЌЕ

    10-те најбогати луѓе во светот се мажи

    Време зa читање: 2 минути

    Генерално, најбогатите луѓе во светот, ја зголемија својата сметка за повеќе од трилион долари во 2020 година, всушност, таквата концентрација на богатство и зголемувањето – постигнато на краток рок – скоро никогаш не било видено порано.

    Топ 10 најбогати луѓе на планетата се мажи, Џеф Безос (Амазон, нето вредност: 181 милијарда долари), Елон Маск (Тесла, нето вредност: 179 милијарди долари), Бил Гејтс (Мајкрософт, нето вредност: 139 милијарди долари), Бернард Арно со своето семејство (LVMH, нето вредност: 125 милијарди долари).

    На петтото место е Марк Цукерберг (Фејсбук, чија вредност е 102 милијарди долари), следен од Ворен Бафет (Беркшир Хатавеј, нето вредност: 99, 4 милијарди долари (Лери Пејџ) (Гугл, нето вредност: 94,7 милијарди долари), Сергеј Брин (Гугл, нето вредност: 91,6 милијарди долари), Стив Балмер (поранешен извршен директор на Мајкрософт, нето вредност: 85,2 милијарди) и Мукеш Амбани (Reliance Industries Ltd, нето вредност: 83,1 милијарди долари).

    Мажите кои управуваат со светот кога станува збор за финансиите се Бафет, Даниел Гилберт, Томас Петерфи, Џим Симонс, Стивен Шварцман, Р. Бади Хартоно, Питер Келнер, и Реј Далио.

    Најбогата жена на светот е наследничката на Лореал, Франсоаза Бетанкур Мејерс, која има богатство вредно 76,8 милијарди долари и удел од 33% во козметичкиот гигант, според податоците од 2020 година. Нејзината сметка минатата година порасна за околу 14 милијарди долари година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично