ПОВЕЌЕ

    Што треба да знаете за агрегаторите на податоци?

    Време зa читање: 3 минути

    На почетокот на 2020, Виза го купи новиот ФинТек стартап Плејд, за значителна сума од 5,3 милијарди американски долари. Многумина се прашуваат како е можно, една мала компанија за која што речиси никој не слушнал, да добие толку масовно вреднување.

    Сепак, статистиките покажуваат на тоа дека огромен број луѓе не ни биле свесни дека користеле некои од финансиските услуги на оваа апликација. Плејд се покажа како еден од клучните играчи меѓу финансиските податоци, односно се покажа како сериозна агрегациона компанија, која преку партнерства со банки и други финансиски институции, има директен пристап до сензитивни финансиски податоци на потрошувачите.

    Од основањето, Плејд се искачуваше на врвот на ФинТек индустријата, користејќи техники за агрегација на податоци, како што се стружење на екран и API (application-programming-interface), за да се добие директен пристап до финансиските податоци на потрошувачитe и нивна категоризација.

    Оваа клучна позиција значи дека Плејд се стекнал со круцијална улога во функционирањето на целата ФинТек индустрија, како главен снабдувач на финансиски податоци. Плејд успешно воспоставил партнерства со широк спектар на финансискиинституции и се стекнал со директен пристап до податоците на потрошувачите на тие институции.

    Како работат агрегаторите на Финансиски Информации?

    За да го направат тоа за кое се програмирани, агрегаторите на податоци воспоставуваат партнерства со банките, и остваруваат директен пристап до финансиските податоци на потрошувачите. Кога потрошувачот користи ФинТек апликација, таа бара да бидете поврзани со банкарската сметка со соодветни акредитиви за најава.

    Видот на податоците кои се категоризираат се поврзани со состојбата на сметката, проток на готовина, навиките на трошење, буџетирање, итн. Оваа достапност до такви податоци овластува широк опсег на ФинТек апликации, кои обезбедуваат бројни финансиски решенија за корисниците, како што се брзи трансакции, финансиски советувања и заеми.

    Има една работа што треба да се земе во предвид? Со самото збирање на есенцијални податоци од страна на агрегаторите се повеќе и повеќе тие имаат бесплатен опсег на активности, дури и продажба на истите.

    Она што е алармантно е недостатокот на свесност во врска со нив, бидејќи поголемиот дел од потрошувачите не се свесни дека агрегаторите на податоци можат да ги складираат своите акредитиви за најава, а само околу 20% знаат дека имаат агрегатори на податоци кои имаат континуиран пристап до нивните информации сè додека таквиот пристап не биде директно отповикан.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично