ПОВЕЌЕ

    Шеста година по ред ОКТА додели стипендии за постдипломци на УКИМ

    Време зa читање: 3 минути

    Во рамките на програмата „Нова Генерација“, ОКТА и годинава , им додели стипендии на студенти на втор циклус студии во учебната 2022/2023 година од факултети на државниот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Стипендистите беа избрани од страна на комисија составена од претставници на компанијата и на соодветните факултети. Стипендиите ги добија по една постдипломка од Машинскиот и од Технолошко-металуршкиот факултет. Стипендистите имаа можност да го посетат седиштето на компанијата, при што се сретнаа со главниот извршен директор Вук Радовиќ.

    „Среќни сме што соработката со УКИМ и поддршката на постдипломците прерасна во една успешна традиција. Благодарение на оваа програма, главен бенефит имаат студентите, но и општеството добивајќи темелно образовани професионалци кои ќе можат да го дадат својот придонес во развојот на заедницата.  Стипендистите ќе имаат можност да бидат дел и од Практикантската програма на нашата компанија каде што ќе се стекнат со практично знаење под менторство на и искусни професионалци. Навистина сме горди затоа што сме дел од еден процес на создавање на нова генерација стручно образовани кадри кои што се нашата иднина“, рече главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ на средбата со годинешните стипендисти.

    Неколку години континуирано ОКТА ја спроведува  програмата „Нова генерација“ која има за цел да го поддржи образовниот процес во државата и да им помогне на младите талентирани и амбициозни луѓе во надградба на нивниот образовен и професионален развој.  Како дел од програмата досега околу 40 постдипломци се стекнаа со стипендии на факултетите на УКИМ кои имаат наставни програми сродни со дејноста на компанијата.

    „Верувам дека го искажувам чувството на сите мои колешки стипендистки, дека сме среќни што ја добивме поддршката на една компанија каква што е ОКТА. Со неа ни се олеснува понатамошното образование, но таа значи и обврска повеќе да бидеме што поуспешни во студиите, која верувам дека ќе ја оправдаме“, рече една од постдипломките на свечената средба во просториите на компанијата.

    Покрај стипендирањето на студенти од втор циклус студии на УКИМ, изминатите години ОКТА има доделено стипендии и на седум постдипломци за студии на универзитетите во Пиреја и на Крит. Дополнително, преку практикантската програма, во редовната работа на компанијата досега учествувале и над 100 практиканти.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично