ПОВЕЌЕ

    Хакери од Северна Кореја украле 400 милиони долари во криптовалути минатата година

    Време зa читање: 2 минути

    Севернокорејски хакери минатата година украле дигитални средства во вредност од речиси 400 милиони долари во најмалку седум напади на различни крипто платформи, се наведува во нов извештај.

    Компанијата за блокчејн аналитика, Chainalysis, објави дека ова е една од најуспешните години за сајбер криминалците во оваа затворена источноазиска земја, пренесува Би-би-си.

    Нападите главно беа насочени кон инвестициски фирми и централизирани берзи.

    Северна Кореја категорично негираше вмешаност во хакерски напади што им се припишуваат.

    Хакерите користеле голем број техники, вклучувајќи напади на фишинг, експлоатација на код и малициозен софтвер, за да извлечат средства од „жешките“ криптопаричници на организациите и потоа да ги префрлат на адреси контролирани од Северна Кореја, соопшти компанијата.

    „Жешките“ паричници, за разлика од „ладните“, постојано се поврзани на интернет, што ги прави многу привлечна мета за хакерите.

    Многу експерти препорачуваат преместување на големи количини на криптовалути кои не се потребни на дневна основа во „ладни“ паричници, кои не се постојано поврзани на Интернет.

    Chainalysis наведува дека е веројатно дека многу од минатогодишните напади биле извршени од таканаречената група Лазарус, хакерска група против која САД воведоа санкции.

    Се верува дека групата ја контролира главното разузнавачко биро на Северна Кореја, Генералното биро за разузнавање.

    Групата Лазарус претходно беше обвинета за вмешаност во напади со откуп наречен „WannaCry“, кога некои меѓународни банки и Sony Pictures беа хакирани во 2014 година

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично