ПОВЕЌЕ

    Украински хакери ги испразнија банкоматите во Босна и Херцеговина. Подигнати над милион евра!

    Време зa читање: 2 минути

     

    Пред околу десетина дена во Босна и Херцеговина беше извршен еден од најголемите грабежи на банкомати во историјата.

    Полицијата во Бихаќ уапси двајца украински хакери Иванович Зајцев (57) и Димитро Јурович Бојко (37)  кај кои се пронајдени околу 100.000 босански конвертибилни марки.

    Истражителите се сомневаат дека за два дена за време на викендот, осомничените украле повеќе од 2,5 милиони босански конвертибилни марки од неколку банкомати на територијата на БиХ .

    Се претпоставува дека уште неколку лица биле вклучени во грабежот на банкоматите, со оглед на огромната количина на украдени пари.

    Крадците ограбувале со специјална опрема, преку која му давале команди на банкоматот да повлече максимална сума на пари.

    Процесот на повлекување пари е таков, што одеднаш може да се повлече ограничена сума на пари, која трае околу 15 секунди. Откако го „хакирале” механизмот за исплата, разбојниците чекале парите од банкоматите да излезат во бранови.

    Се тврди дека разбојниците започнале со акцијата изминатиот петок и сабота, бидејќи банките обезбедуваат поголема количина на пари на банкомати за време на викендите пишува Курир.

    Со оглед на фактот дека сите банкомати се обезбедени со камери, крадците со спреј ги неутрализирале камерите со цел да избегнат да бидат снимени.

    Истражните органи се сомневаат дека уапсените Украинци влегле на територијата на БиХ преку Србија преку граничниот премин Шепак, кој се смета за еден од најбезбедните премини за криминалците. Претходно, тие престојувале на територијата на Црна Гора, каде од банкоматите собрале неколку стотици илјади евра.

    Се претпоставува дека вкупната количина на украдени пари од банкоматите надминува милион и 250 илјади евра !

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично