ПОВЕЌЕ

    Тесла продаде повеќе автомобили отколку што произвела

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во рекордната 2021 година, Tesla продаде повеќе автомобили отколку што произведе, покажуваат податоците на компанијата објавени во неделата.

    Тесла продаде 936.172 електрични возила минатата година, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 2020 година од 499.647 единици.

    Во последниот квартал од минатата година на клиентите им беа испорачани 308.600 електрични возила, што е речиси една третина од минатогодишниот. Како резултат на тоа, компанијата успеа да продаде повеќе автомобили отколку што произведе за една година (930.422 единици).

    Пазарната вредност надмина илјада милијарди долари

    Тесла е основана од американскиот претприемач Илон Маск во 2003 година.Седиштето е во американскиот град Пало Алто во Калифорнија.

    На почетокот, компанијата се специјализираше исклучиво за производство на електрични возила, а подоцна се вклучи во производството на соларни панели и други системи за складирање на енергија.

    Во октомври 2021 година, пазарната вредност на Тесла за прв пат надмина илјада милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично