ПОВЕЌЕ

    Спортски игри во организација на СФОМ по повод “Ден на штедење”

    Време зa читање: 2 минути

    На 29.10.2022 година (сабота) се одржаа традиционалните Спортски игри по повод “Ден на штедење” организирани од Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија.

    Натпреварувањата беа реализирани согласно претходно најавена временска рамка и распореди и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера, во која преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и фер плејот беше во приоритет.

    Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.

    За прв пат на овие спортски игри ни се придужи новата членка, Синдикалната организација при Народната банка на Република Македонија.

    Организацијата и учеството беа поддржани од банките учеснички, осигурителни компании, штедилници, како и од партнерите поддржувачи на СФОМ.

    Овој вид на настани се организираат со цел да ја зајакнеме нашата сорабока, оддршка и заедничко извршување на целите и задачите за кои сме формирани како организации, под покровителство на СФОМ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично