ПОВЕЌЕ

    Сметката за гориво на ЈСП ќе скокне од еден на над два милиони евра со поскапувањето на метанот, фирмата бара помош

    Време зa читање: 2 минути

    Со поскапувањето на природниот гас за 120 проценти, како што објави порталот ,,Пари” најзасегнати ќе бидат топланите што ги снабдуваат домаќинствата со парно и јавниот превоз бидејќи автобусите на ЈСП возат на метан.

    Од ЈСП кои што денес одржаа и брифинг со новинарите откако нашиот портал ја обелодени информацијата дека од 3 јануари Макпетрол почна да го продава природниот гас по двојно повиока цена односно 110 денари наместо досегашните 50 денари за кг/цнг, нагласија дека со оваа цена сметката за гориво на ЈСП наместо 1 сега ќе изнесува повеќе од 2 милиони евра.

    „Бараме Владата да ја субвенционира разликата на цената на метанот или да ја замрзне на нивото на таа од декември, односно да застане во заштита на ЈСП Скопје, како компанија од јавен интерес и најголем корисник на метанот“, истакна на денешната средба со новинарите, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Иван Илиевски кој истакна дека јавниот превоз нема да поскапи.

    На природен гас возат 33 нови автобуси на МАН.

    „ Крајна опција, во случај да не ја добиеме бараната помош е редуцирање на возниот ред. Во меѓувреме, можеби ќе побараме и дополнителни наменски субвенции од Град Скопје, односно од Советот кои и досега имаа разбирање за нашата состојба и бескрајно сум им благодарен за целата соработка и поддршка“, додаде Илиевски, кој истакна голема благодарности до вработените во претпријатието.

    Во моментов, ЈСП Скопје има долг од 240 милиони денари кон добавувачи. Илиевски прогнозира дека за 6 месеци, под услов да се продолжи со домаќинско и продуктивно работење, ЈСП Скопје ќе ги надмине загубите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично