ПОВЕЌЕ

    РК Скопје Север – „Паметно со парите“

    Време зa читање: 2 минути

    Ротари Клубот Скопје Север го промовираше Дигиталниот прирачник „Паметно со парите” наменет за млади и сите оние кои сакаат да се запознаат повеќе со основните финансиски концепти важни за финансиска инклузија. Прирачникот опфаќа четири главни теми: „Паметно банкарство”, „Лично буџетирање”, „Инвестирање„ и „Даноци”.

    Во рамки на темата „Паметно банкарство” опфатени се најглавните банкарски производи со кои се среќаваме на секојдневна основа: трансакциски сметки, дебитни картички, кредитни картички, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, како и депозити, кредити и алатки за електронско, мобилно и СМС банкарство.

    Темата „Лично буџетирање” опфаќа повеќе совети како да се испланира личниот буџет со цел да се постигне финансиска одржливост, безбедност и раст. Овој дел содржи и пример за личен буџет кој претставува добра алатка за сите кои сакаат подобра финансиска дисциплина.

    Во рамки на темата „Инвестирање” опфатени се видови инвестирање според типот на инвестицијата, приносот, како и најновата форма на ESG инвестирање, каде целта е остварување финансиски принос преку истовремено позитивно влијание на животната средина.

    Темата „Даноци” ги опфаќа основните податоци поврзани со даноците, преглед на бруто и нето плата изразен преку пример, објаснувања кои сѐ приходи подлежат на оданочување и како да се избегне двојно оданочување за приходи остварени во странство.

    Прирачникот е достапен на следниот линк:

    https://qrco.de/be7m75https://qrco.de/be1kAV

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично