ПОВЕЌЕ

    РАЗБОЈНИШТВО: Ограбени две банки во Тетово

    Време зa читање: < 1 минутa

    Зачестија грабежите на банки во тетовскиот регион. По оној во март месец кога, при кражба одземени се околу 1,3 милиони денари, повторно се случи нов грабеж на банка во Тетово.

    МВР во својот полициски билтен информира: Денеска, 03.07.2021 во периодот од 03.30 часот до 03.50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.

    Станува збор за експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.

    Неколку минути подоцна, засега непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.

    Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во полицискиот билтен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично