ПОВЕЌЕ

    Работната сила во ФинТек ќе се прошири 19% до 2030 година

    Време зa читање: 2 минути

    Кембриџкиот универзитет предвидува дека благодарение на вештачката интелигенција до 2030 година, работната сила во ФинТек ќе се прошири за 19%.

    Во еден нов извештај на Кембриџ Центарот за Алтернативни Финансии и Светскиот Економски Форум, се утврди дека начинот на кој ќе се извршуваат финансиските услуги во блиска иднина ќе биде далеку поразличен од сегашниот.

    Се повеќе, ФинТек компаниите ќе даваат услуги кои ќе користат автономни системи за донесување одлуки и ќе се потпираат на системи засновани на централна датабаза која ќе се наоѓа на интернет. 30% од анкетираните ФинТек компании покажале значителен пораст на профитот како резултат на користење на вештачка интелигенција. Ова може да објасни зошто вештачката интелигенција има поголемо позитивно влијание врз профитабилноста на ФинТек.

    Овој пристап им овозможува на ФинТек фирмите да постигнат двојни економии на обем. Со самото работење, вештачката интелигенција (ВИ) станува се повеќе софистицирана, и со тоа дава можност веќе постоечките деловни области да бидат проширени. На таков начин финанските компании кои се предводени од развојот на технологијата, можат да понудат супериорни услуги.

    Во извештајот се истакнуваат и вештините кои ќе бидат најмногу ценети и барани во блиска иднина. „Без оглед колку е иновативна технологија за ВИ, неговата способност да дава вистинска економска вредност зависи од податоците кои што системот ќе може правилно да ги протолкува “, се вели во извештајот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично