ПОВЕЌЕ

    Просечната бруто- плата стигна до 46 430 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната бруто плата по вработен во март 2022-ра изнесувала 46 430 денари. Во однос на март лани бруто платата се зголемила за 10,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за стататистика.

    Најголемо зголемување на бруто платата која е всушност трошокот на работодавецот кон вработениот, имало во секторите финансиски дејност и осигурување и тоа за 21.7%, уметност, забава и рекреација 20.6% и објекти за сместување и сервисни дејности со храна 20.%.

    Во однос на претходниот месец февруари зголемување на просечната бруто плата забележале: финансиски дејности и дејности на осигурување (17.2 %), рударство и вадење на камен (14.0 %) и преработувачка индустрија (7.2 %)..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично