ПОВЕЌЕ

    Пет ФинТек иновации кои помагаат за водење на бизнис

    Време зa читање: 3 минути

    ФинТек не покажува знаци на забавување. Во Азија, се очекува пазарот да достигне 72 милијарди долари во следната година. ФинТек компаниите прераснаа од споредни играчи во главни двигатели во една нова, модерна индустрија.

    Постои група на ФинТек компании кои ја трансформираат стандардната бизнис сцена. Почнувајки од тоа како бизнисите си плаќаат едни на други, до како ги плаќаат своите вработени.

    Еве пет ФинТек иновации кои го олеснуваат бизнисот.

    1. Брзи и едноставни плаќања

    Прифаќањето на плаќања може да биде изненадувачки комплексна задача. Тоа што претставува едноставна размена на вредности, може брзо да прерасне во комплициран проблем кој се решава преку Интернет. Збирот на сите различни начини на плаќање, различни технички системи и преференци, додаваат на комплексноста на плаќањата во економијата водена од Интернет.

    Овој растечки предизвик предизвика потрага по едноставност, помеѓу воспоставените играчи и новите учесници за секој вид на деловно работење. Stripe Connect е еден пример, кој нуди повеќестрани места и платформи на пазарот, каде што се прифаќаат плаќања од каде било во светот со продавачи и даватели на услуги во повеќе од 25 земји во над 135 валути.

    1. Подигање на лојалноста

    Често пати се вели дека стекнувањето нови клиенти е пет пати поскапо од задржувањето на постојните. Сепак градењето лојалност кон клиентите е полесно речено отколку направено.

    „Многу фирми денес трошат половина од нивните трошоци за маркетинг на нелојалните клиенти кои никогаш нема да бидат долгорочно лојални,“ вели Фред Рајхелд од консултантски услуги Беин.

    Предизвикот е идентификување на потенцијално лојалните клиенти врз основа на обемот и разновидноста на податоците. Едно од многуте решенија за решавање на овој проблем е користење на платформа како Перкс. Оваа машина за учење ги анализира податоците од маркетинг кампањите на компаниите во реално време, обезбедувајќи увид во ефективноста на кампањата, како и трошоците.

    Она што навистина го издвојува Перкс е неговиот иновативен и прилагодлив ангажман и платформа за лојалност, дозволувајќи им на компаниите со било која големина да идентификуваат, таргетираат и да ги негуваат нивните лојални клиенти со помош на повеќе видови на комуникации.

    1. Алтернативно финансирање

    Заемот од „peer-to-peer (P2P)” обично се однесува на дигиталните места преку кои компаниите или поединците можат да позајмуваат пари, обезбедени од други лица или компании. P2P заемите се често необезбедени, што значи дека заемопримачот не бара капитал а и кредитабилноста на заемопримачот обично не претставува ригорозен услов како што е случајот со традиционална банка.

    1. Извори на таленти

    Ангажирањето на вистинскиот талент сеуште претставува голем проблем, кој зема многу време и покрај развојот на алатките преку Интернет.

    Бизнисите сеуште треба да поминуваат низ куп апликации и менаџерите за вработување честопати мораат да се потпираат на својата интуиција за тоа дали новото вработување ќе одговара на нивниот бизнис. Човечкиот аспект на вработување сè повеќе се надополнува со одлука што ја носи вештачката интелигенција (ВИ). На пример, ZipRecruiter е воден од технологија поткрепена од ВИ за активно поканување на релевантни кандидати да аплицираат на работни места. Како што доаѓаат апликациите, ZipRecruiter ги истакнува најрелевантните кандидати.

    1. Надвор од рамките на платен список

    Управувањето со платен список исто така може да биде комплексен процес кој одзема многу време, особено кога станува збор со продажна комисија, годишни бонуси и регулативи во различни земји. Решенијата за плати менаџирани од информатички датабази се веќе достапни со години, но денес овие решенија се прилагодени на специфични земји и регулаторни опкружувања, помагајќи им на не-стручните лица да ги одржат своите бизнис активности без проблеми.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично