ПОВЕЌЕ

    Охридска Банка со понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски за 6 месеци

    Време зa читање: 6 минути

    Со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, Охридска банка објавува Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020 година, за промена на договорните услови за кредитните производи на клиентите на Банката.

    Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (службен весник бр.80/2020 од 27.03.2020 година), донесена на 28 седница на Владата на Р. Северна Македонија одржана на ден 25.03.2020 година, а со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, Охридска банка објавува Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020 година, за промена на договорните услови за кредитните производи на  клиентите на Банката.

     

    Јавната понуда е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои користат кредитни производи и имаат кредитна изложеност во Банката со класификација, А, Б, В и немаат статус на нефункционална изложеност, заклучно со датум 29.02.2020 година.

     

    Детали на понудата за кредити за физички лица:

    ·         Понудата за одложување на наплатата на кредитните обврски се однесува за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година.

    ·         На клиентите кои ќе ја прифатат понудата за одложување на кредитните обврски, за целото времетраење на одложувањето, ќе им се пресметува редовна камата.

    ·         По истекот на периодот на одложување, пресметаната камата ќе биде договорно регулирана. Истовремено кредитите ќе бидат автоматски продолжени за дополнителни 6 месеци без склучување на Анекс/Договор и ќе бидат правно валидни. Правното дејство на автоматското продолжување на кредитите ќе има важност и на целокупната договорна пропратна документација, сите нотарски исправи и обезбедувања и тоа  без склучување на нови договори/анекси како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

    ·         Клиентите ќе добијат нови амортизациони планови по завршување на периодот на одложување, пресметани од 01.04.2020 до 30.09.2020 година

    ·         Трајните налози и административната забрана за време на периодот на одложување на кредитните обврски, пресметани од 01.04.2020 до 30.09.2020 година (рати и камати) ќе бидат стопирани, за што е потребно клиентите чии кредитни обврски се сервисираат преку административна забрана за наплата да ги известат своите работодавачи да ги стават во мирување.

     

    ·         Воедно, клиентите кои имаат достасани обврски заклучно со 31.03.2020, пожелно е во текот на периодот на мирување да ги подмират достасаните обврски со цел намалување на долгот и деновите на доцнење.

     

     Детали на понудата за кредитни картички за физички лица:

    ·         Понудата за одложување на наплатата на кредитните обврски по кредитни картички се однесува на кредитниот лимит за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година. Во задолжителниот процент од 5% за плаќање, ќе достасува единствено каматата по основ на обврските за кредитни картички и ќе продолжи да се наплатува месечно, а секоја уплата на главница во текот на наведениот период ќе се намалува долгот по кредитниот лимит на картичката

    ·         Одобрените, а неискористени лимити остануваат на располагање на клиентите за користење

     

     Детали на понудата за пречекорувања на трансакциска сметка за физички лица:

    ·         Понудата за одложување на наплатата на кредитните обврски по пречекорувања на трансакциска сметка, се однесува на лимитот на пречекорување, кој останува непроменет за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година. Каматата по основ на обврски за пречекорувања на трансакциска сметка ќе продолжи да се наплатува месечно, како и сите останати обврски согласно Договорите, а секоја дополнителна уплата во текот на наведениот период ќе го намалува долгот по лимитот на пречекорувањето.

    ·         Одобрените, а неискористени лимити остануваат на располагање на клиентите за користење

     

    Оваа понуда важи 10 (десет) дена од денот на објавување и истата ќе се смета за прифатена доколку клиентот не ја извести  Банката дека ја одбива понудата заклучно со 10.04.2020. Независно од типот и обемот на кредитни производи кои клиентот ги користи од Банката, понудата има подеднаква важност за сите задолжености на клиентот.

     

    Клиентите кои сакаат да продолжат со редовно сервисирање на своите обврски кон Банката, потребно е за тоа да ја известат Банката преку меил адресата креирана за оваа намена [email protected] , најдоцна во рок од 10 (десет) дена од објавувањето на понудата. Во спротивно ќе се смета дека истата ја прифаќаат. Клиентите кои ја прифаќаат понудата, не треба да ја известат Банката. На наведената меил адреса клиентите треба да ги достават следните податоци:

     

    Име и Презиме

    Датум на раѓање

    Телефон за контакт

    Адреса на живеење (од лична карта)

     

    Доколку клиентите немаат можност електронски да достават информација дека не ја прифаќаат понудата, ќе биде потребно во рокот предвиден за известување да ја посетат најблиската експозитура на Банката за да дадат писмено известување дека не ја прифаќаат понудата.

     

    Понудата е неделива и важи само за целосно прифаќање на сите погоре наведени услови. Сите останати договорни одредби од постоечките договори, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорите.

     

    Клиентите кои користат кредитно животно осигурување, ќе бидат дополнително известени за начинот на сервисирање на обврските по премијата, со цел одржување на осигурувањето во важност.

     

    Клиентите кои имаат комисиони кредити, исто така ќе бидат дополнително известени за начинот на сервисирање на обрските.

     

    За сите прашања поврзани со Понудата, може да се обратите во контакт центарот на Охридска банка АД Скопје на (02) 15  050 или  на меил адресата [email protected]  

     

    Банката донесе и Одлука да отпочне со процес за одобрување на мерки за олеснување на кредитните услови на своите корпоративни клиенти, при што мерките за финансиска поддршка и олеснување ќе бидат прилагодени за секој поединечен клиент кому му се потребни согласно потребите на работењето и согласно оценка на Банката.

    Во следниот период, индивидуално ќе бидат исконтактирани сите правни лица од страна на матичните референти, со цел разгледување и утврдување на можноста за имплементацијата на соодветните мерки, во насока на давање финансиска поддршка или друг тип на олеснувања.  

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично