ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Филијала Прилеп на Комерцијална банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 2 (два) извршители на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник), во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Прилеп, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

    Потребни квалификации и способности:

    -Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
    -Без работно искуство,
    -Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
    -Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

    Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот, и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

    Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

    Огласот трае заклучно со 18.02.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса [email protected] со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Прилеп”.

    Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: (02) 3-168-412

    Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

    На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично