ПОВЕЌЕ

    Наградени најдобрите од финтек комапнијата СН финансии

    Време зa читање: 4 минути

    “Најголемата инвестиција на една компанија се вработените”, ова е мотото на првата Финтек комапнија формирана од домашен капитал, СН ФИНАНСИИ  која по трет пат, на тимбилдинг викендот кој се одржа во Битола, ги прогласи најдобрите вработени.

    Вработените се едни од најзначајните ресурси на компанијата. И тоа не е само декларативна изјава, туку потврден факт, а гледано низ призмата на HR одделите – многу позначаен и суштински дел од секоја, мала или голема организација.

    Одделот за човечки ресурси и менаџментот на СН ФИНАНСИИ ги гледаат вработените како највреден капитал на организацијата, а со оглед на тоа дека нивните вредности се зголемуваат согласно развојот, одделот за човечки ресурси се фокусира на континуиран раст на нивните потенцијали и вештини.

    Ова е трета година како се доделуваат овие награди.

    Добитници на наградите се:

    Ирена Стојковска – Најкреативна личност на годината

    Александар Костовски – Најомилен колега на годината

    Стефанија Ранковиќ – Личност на годината во сектор продажба

    Бојан Јончевски – Личност на годината во Back Office

    Васко Донески – New star награда

    Вработените се скапоцени дијаманти.

    Управувањето со нив се смета за основен интерес на организацијата. Почитта кон луѓето, кон вработените, нивните способности, квалификации и секојдневен труд е примарен принцип во секоја организација, па тргнувајќи од таму, фактот дека најголем ресурс во секоја компанија се самите вработени се потврдува.

    Оваа комапнија прослави 5 години и во неа има 5 вработени кои се во неа од првата година.

    Тоа се 5 непроценливи вредности на СН ФИНАНСИИ.

    Во чест на оваа петка, овие 5 вработени добија дијамант, како трајна вредност за нив, исто како што се тие за комапнијата.

    Добитници на дијамант за 5 годишен работен јубилеј во СН финансии се:

    Христина Ивановиќ Блажевска

    Кристина Илиевска

    Елена Матеска

    Томче Чагоровски

    Бујар Драла

    Се доделија и три плакети за соработка.

    Плакетите ги добија  Маја Стојановска-надворешен соработник, нотарката  Виолета Ангеловска во знак на благодарност за успешна соработка, а плакета за најуспешна франшиза на годината доби експозитурата во Куманово.

    “Сите работиме за финансиски надомест, плата, но начинот на кој се однесува комапнијата, односот на доверба и почит е она што го прави одредена компанија да ја чувствуваме како своја. А токму таквиот однос не поттикнува да дадеме сѐ од себе, да бидеме мотивирани, вредни, и да напредуваме. Финтек комапнијата СН финансии, иако е премлада…е одличен пример кој допрва ќе развива уште подобри методи да ги направи среќни своите вработени. Само ваков позитивен модел на однесување, применет во што поголем број македонски компании може да предизвика подолгорочен економски раст” – истакна Бујар Драла од секторот на компанијата задолжен за човечки ресурси.

    Настанот се одржа во Офицерски дом во Битола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично