ПОВЕЌЕ

    МАПАС: Намалување на надоместокот од уплатени придонеси на 2%

    Време зa читање: < 1 минутa

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека почнувајќи од 1.1.2020 година надоместокот од придонеси кој го наплатуваат пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје се намалува и изнесува 2% од секој уплатен придонес во задолжителен пензиски фонд наместо досега важечкиот 2,25%.

    Исто така, Агенцијата ја известува јавноста дека со ова се намалуваат трошоците на членовите на задолжителните пензиски фондови.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично