ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНИЈА Осигурување оствари позитивен финансиски резултат во износ од 42.4 милиони денари

    Време зa читање: 3 минути

    МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари -Јуни 2022 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 42.4 мил. Во истиот период 2021 година финансискиот резултат изнесува 35.1 мил.

    Во второто тромесечие 2022 во однос на истиот период 2021 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци. Вкупните приходи во 2022 година се зголемени за 4,8% додека вкупните расходи бележат зголемување од 3.3%. Зголемувањето е приходите се должи на бруто полисираната премија и приходи од вложувања. Најголемо движење во вкупните трошоци бележат настанатите штети и останати осигурително технички трошоци.

    Сметководствени политики

    Друштвото во текот на деловната 2022 година нема промена на сметководствените политики споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Дивиденда

    Во текот на 2022 година Друштвото нема исплата на дивиденда.

    Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување препорача до Осигурителните друштва да се воздржат од распределба и исплата на дивиденда од добивката остварена во 2021 година, односно да ја распределат за зголемување на резервите на сигурност и другите резерви на Друштвото. Исто така, се нагласува дека препораката не се однесува на распределба и исплата на дивиденда од добивка остварена во 2019 и 2020 година.

    Друштвото ја стави на дневен ред на годишно собрание предлог Одлуката за исплата на дивидена за деловната 2019 и 2020 година. На Годишното собрание одржано на 25.05.2022 се усвои одлуката за исплата на дивиденда за деловната 2019 и 2020 година.

    Кредитни задолжувања

    Друштвото нема проблем со ликвидноста и нема никакви кредитни задолженија.

    Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

    Во периодот од 01.01- 30.06.2022 Друштвото има 103% остварување на планираниот обем на приходи по основ на премија.

    Друштвото во моментот ги проценува ефектите од инфлацијата кои ќе имаат влијние на обврските по надомест на штети.

    Наплатата на достасаните побарувања има очекувано намалување за посочениот период. Компанијата работи со клиенти кои се долгогодишни корисници на нашите услуги.

    Превземените мерки и активности се во рамките на постоечките процеси и процедури на наплата на премија Најголем ефект во делот на наплатата е предизвикан од високата инфлацијата на која што дополнително влијаеше започнувањето на војната во Украина.

    Ефектот се чувствува кај класите на осигурување поврзани со физички лица. Дополнителни мерки не се превземени но, будно се следи состојбата.

    Во делот на приходи од вложување се очекува придвижување во согласност со макроекономското окружување.

    Друштвото нема проблеми со солвентноста и ликвидноста. Се превземаат активности со динамиката на исплата на постоечките обврските. Раководството има мандат за спроведување на сите мерки и активности.

    Друштвото има висок износ на задржана добивка и високи резерви за сигурност, како и капитал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично