ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНИЈА Осигурување Виена Иншуренс Груп со добивка околу 1 милион евра

    Време зa читање: 3 минути

    МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари – Септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 57.9 мил. Во истиот период 2021 година финансискиот резултат изнесува 43.3 мил.

    Во третото тромесечие 2022 во однос на истиот период 2021 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци. Вкупните приходи во 2022 година се зголемени за 7,1% додека вкупните расходи бележат зголемување од 5.1%. Зголемувањето е приходите се должи на бруто полисираната премија и приходи од вложувања. Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија.

    Сметководствени политики: Друштвото во текот на деловната 2022 година нема промена на сметководствените политики споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Дивиденда: По усвојување на одлуката за исплата на дивиденда за деловната 2019 и 2020 година Друштвото ја исплати дувидендата на 28.07.2022.

    Кредитни задолжувања: Друштвото нема проблем со ликвидноста и нема никакви кредитни задолженија.

    Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

    Во периодот од 01.01- 30.09.2022 Друштвото има 108% остварување на планираниот обем на приходи по основ на премија.

    Друштвото во моментот ги проценува ефектите од инфлацијата кои ќе имаат влијние на обврските по надомест на штети.

    Наплатата на достасаните побарувања има очекувано намалување за посочениот период. Компанијата работи со клиенти кои се долгогодишни корисници на нашите услуги. Превземените мерки и активности се во рамките на постоечките процеси и процедури на наплата на премија.

    Најголем ефект во делот на наплатата е предизвикан од високата инфлацијата на која што дополнително влијаеше започнувањето на војната во Украина. Ефектот се чувствува кај класите на осигурување поврзани со физички лица. Дополнителни мерки не се превземени но, будно се следи состојбата.

    Во делот на приходи од вложување се очекува придвижување во согласност со макроекономското окружување.

    Друштвото нема проблеми со солвентноста и ликвидноста. Се превземаат активности со динамиката на исплата на постоечките обврските. Раководството има мандат за спроведување на сите мерки и активности.

    Друштвото има висок износ на задржана добивка и високи резерви за сигурност, како и капитал.

    Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп е Друштво котирано на подсегментот задолжителна котација на Македонска берза и согласно глава VI од Правилата за котација преку СЕИ-Нет објавува квартални, полугодишни и годишни финансиски извештаи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично