ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе прифаќа фактури пратени по електронски пат

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел избегнување на ризиците од корона вирусот Covid-19 и согласно владината Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите деловни партнери дека ќе прифаќа за плаќање фактури пратени по електронски пат.

    Фактурите пратени по електронски пат треба да се доставуваат исклучиво на е-mail адресата [email protected], при што во е-mail пораката треба да биде нагласено дека од Комерцијална банка се бара согласност дека ја прифаќа фактурата пратена по електронски пат.

    Доколку Банката во рок од 10 дена не се изјасни, ќе значи дека ја прифаќа фактурата пратена по електронски пат.

    Секоја фактура која ќе се достави на друга e-mail адреса, а не на адресата [email protected], ќе се смета дека не е примена во Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично