ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка го слави успехот на своите вработени

    Време зa читање: 2 минути

    Денот на штедењето – 31 Октомври е повод за светот да се потсети и посвети на штедењето како инвестиција во иднината. Традиционално, Меѓународниот ден на штедењето е ден кој Комерцијална банка го посветува и на своите вработени и заеднички го слави нивниот успех.

    Оваа година признанието за најдобри банкарски службеници во Комерцијална банка го добија Златка Стојчева, Ива Стојановска и Радмила Алексиевска, кое им беше доделено на свечениот настан во организација на Македонската банкарска асоцијација.

    Во рамки на одбележувањето на Денот на штедењето, Комерцијална банка им изрази особена благодарност и на 25 вработени кои оваа година одбележаа 15 и 30 години работен стаж во Банката, на кои им додели јубилејни парични награди.

    Со постигнувањата и успесите на своите вработени се гордее и Комерцијална банка затоа што тие се предуслов за заеднички успех и напредок. Комерцијална банка им ги честита признанијата и им посакува заедничко споделување на уште многу успешни достигнувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично