ПОВЕЌЕ

    Коко – Детско штедно осигурување на Кроациа осигурување – живот

    Време зa читање: 3 минути

    Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.



    Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента.

    Со полисата за Коко – Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина.

    ПРИДОБИВКИ:

    -Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен живот;
    -Штедна компонента – Сите средства кои ги вложувате се повратни, дополнително Ви припишуваме добивка;
    -Заштитено со девизна клаузула;
    -Осигурување за целото времетраење на договорот;
    -Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили;
    -Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување.

    КАРАКТЕРИСТИКИ:

    -Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години;
    -Траењето на осигурувањето e од 10 до 25 години (макимум до 25 годишна возраст на детето).
    -Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
    -Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција.

    КЛАСИК ОСИГУРУВАЊЕ – Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај и повеќекратна уплата на премии (месечно, квартално, полугодишно и годишно).

    ЕКСКЛУЗИВ ОСИГУРУВАЊЕ – Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај и еднократна уплата на премија за целиот осигурителен период.

    Полисата КОКО детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех. Полисата за Коко детско штедно осигурување претставува целосен пакет за осигурување на Вашето дете со истовремено долгорочно и сигурно штедење.

    Покрај основните карактеристики, кои подразбираат детско штедење со истовремено осигурување, овој производ го карактеризира и осигурителна компонента во случај на смрт на Договорувачот (лицето кое ја врши уплатата). Оваа осигурителна компонента гарантира исплата на Договорената осигурена сума, односно сумата која сакал Договорувачот да ја заштеди, без обврска да се продолжи со плаќање на полисата.

    Вистинската одлука потребно е да ја донесете во вистински момент!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично