ПОВЕЌЕ

    Кина ќе префрли 173,8 милијарди долари во економијата поради коронавирусот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка на Кина соопшти дека ќе префрли 1,4 трлиони јуани (173,8 милијарди долари) во економијата поради загриженоста дека коронавирусот ќе го намали нејзиниот раст. Кинеската централна банка соопшти дека сумата ќе биде префрлена во економијата преку реверсни репо операции (трансакции во кои банката купува хартии од вредност и истовремено е согласна повторно да ги продаде на одреден ден по одредена цена).

    Со тоа вкупната ликвидност во банкарскиот систем на таа земја ќе се крене за 900 милијарди јуани во однос на истиот период минатата година. На донесувањето на ваквата одлука влијае зголемувањето на бројот на жртвите на коронавирусот, како и првите смртни случаи поради таа болест надвор од Кина.

    Извор: Банкар.рс

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично