ПОВЕЌЕ

    Како ФинТек ја промовира финансиската индустрија?

    Време зa читање: 3 минути

    Во индустријата за финансиски услуги традиционално доминираат селектирана група на институции кои го монополизираа начинот на кој штедиме и ги вложивме нашите пари. Самата појава на нови технологии ја наруши таа норма и ја преќина долготрајната контрола на овие институции.

    Денешната информатичка инфраструктура му дава поголем избор на клиентот, како и многу поголем пристап до голем број на банкарски услуги. Сепак, во последниве години на пазарот се појавуваат индикации дека одредени генерации имаат ограничен пристап до финансиските институции. Сето тоа може да има и ограничување на влијанието на финансиската технологија што ги отежнува напорите за подобрување на финансиската вклученост ширум светот.

    Не е спорно дека финансиската технологија има огромното влијание врз финансиската инклузивност низ целиот свет. Бројките од базата на податоци на Глобал Финдекс за 2017 година, која е објавена од страна на Светската банка, откриваат дека на глобално ниво, процентот на возрасни со банкарски сметки сега изнесува 69 проценти. Станува збор за огромен прогрес земајки го предвид фактот што во 2011 година таа бројка изнесуваше 51%.

    Како што е и очекувано, многу од успешните приказни на ФинТек можат да се најдат во земјите во развој. На пример, во Африка, недостигот на пристап до финансии веќе долго време е бариера за малите бизниси и претприемачи. Стапката на претприемништво на жените во Африка е повисока отколку во кој било друг регион во светот. Во извештајот на невладината организација „Граца Макел Траст“ се покажа дека 71% од тие бизниси се самофинансирани заради тешкотиите поврзани со собирање капитал од банките.

    Кенискиот старт-ап на ФинТек „4G Капитал„ соработува со канадски хартии од вредност издадени со употреба на криптовалута. Целта е да се донесе голем број на финансиски ресурси во Кенија. Таа инвестиција ќе се искористи за да се позајмат 40 милиони долари за кениските бизниси во текот на следните 12 месеци. Тоа ќе има позитивно влијание на повеќе од еден милион луѓе.

    Финансиската инклузивност не е само глобално прашање. Честа претпоставка е дека недостатокот на пристап до финансиски услуги е проблем кој е најмногу присутен во земјите во развој. Сепак во Велика Британија, каде што се наоѓа една од водечките ФикТек центри, исто така има значителен број луѓе кои не се во можност да пристапат или да ги разберат основите на формалните финансиски услуги.

    На пример, 2 милиони луѓе во Велика Британија немаат банкарска сметка и 1 од 5 не можат успешно да комуницираат со финансиските компании. Во Велика Британија, ФинТек секторот превзема повеќе адитиви со цел да ја трансформира целосната банкарска улога, за да се олесни животот за клиентите, како и малите и средни претпријатија со воведување на дополнителни услуги.

    Кога станува збор за финансиската клима, земјите во развој можат лесно да увидат дека во развиените земји постојат правила кои се дизајнирани да им овозможат на клиентите појасен преглед на нивните финансии, со помош на широкопојасен интернет.

    Сепак, да се промовира финансиска вклученост во земјите во развој треба да бидат употребени трансформативни алатки. Тие се дизајнирани да го адресираат пристапот до финансиски информации и употреба на финансиски услуги од страна на две милијарди луѓе ширум светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично