ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на Триглав осигурување за периодот кој следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Tриглав Осигурување АД Скопје во вториот квартал од 2021 година оствари нето добивка од 13.382 илјади денари. Гледано кумулативно, заклучно со 30.06.2021 година остварена е нето загуба од работењето во износ од 17.573 илјади денари.

    Да видиме какви се очекувањата на менаџментот на Триглав осигурување за периодот што следи:

    Работењето на Друштвото ќе се одвива во влошени макроекономски услови, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно финансиско опкружување за остварување на принос од финансиските вложувања.

    Последиците од ширење на вирусот COVID19 се видливи и очигледно е дека македонската економија 2020 година ја заврши во рецесија, со оценка за падот од -4,5% (извор: Министерство за финансии). Генерално, очекувањата за 2021 година се дека Друштвото сеуште ќе се соочува со намалена економска активност, која може да резултира со намалена премија и намалена наплата на истата, но од друга страна очекуван е и забавен раст во ликвидација на штети како и намалени бруто оперативни трошоци.

    Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето.

    Друштвото ќе ги превземе сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи во рамки на Планот за 2021 година и Стратегијата 2019-2022 година, а притоа ќе биде фокусирано пред сè на дополнителен развој на стратешките осигурителни производи, обезбедувајќи им на клиентите врвна, навремена и доверлива услуга.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично