ПОВЕЌЕ

    Каде се кријат 10-те најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Во нашата анализа, доколку направиме споредба со просекот на бруто плати по дејност, највисоките просечни бруто плати се два ипол пати повисоки од просечната нето плата(28.721ден.) согласно податоците на ДЗС.

    Да видиме кои се 10-те најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија? Како предмет на анализа ги земавме бруто платите со цел да се видат вкупните издатоци.

    Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна бруто плата во мај била 109.734 денари или 1.784 евра.

    Веднаш по нив се вработените со дејност Информации и комуникации кои во мај просечно земале  81.475 денари или 1.324 евра, а на трето место се вработените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 70.944 денари или 1.153 евра.  На четврта позиција се вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со просечна бруто плата од 70.304 денари или 1.143 евра.

    Во првата петорка, на петтото место се најдоа и вработените во Финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна бруто плата 67.759 денари или 1.101 евро.

    На шестото и седмото место се рангирани вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просек на плата од од 64.701 денари или 1.051 евра, додека пак кај вработените во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, тука просечната бруто исплатена плата изнесува 64.607 денари или 1.050 евра.

    Вработените во Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување, просечно земале 62.625 или 1.018 евра и се позиционирале на осмото место пред вработените со дејност Телекомуникации со бруто плата од  61.810 денари или 1.005 евра.

    Во топ 10 анализата влегуваат и вработените во Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад со просечна бруто плата од 61.362 или 998 евра.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично