ПОВЕЌЕ

    Запознајте го успешниот тим на КБ Прво пензиско друштво со Билјана Русомарова, сектор за финансии

    Време зa читање: 2 минути

    Билјана Русомарова е Раководител на секторот за сметководство и финансии. Поседува 22 годишно богато и квалитетно искуство во доменот на сметководството и финансиите, од кои 15 години е во тимот на КБ Прво пензиско друштво.

    Како би опишале еден работен ден во Друштвото?

    “Една од поважните работи во друштвото и фондовите се роковите. Секој ден е со нов рок. Пензиските фондови се вреднуваат на дневна основа и e посебно важно да се запазат дневните рокови. Работата е динамична и секојдневно се случуваат многу активности. Едноставно секој еден од нас многу добро е запознаен со значењето на multitasking. Одговорноста на секторот е подготвка на различен тип на финансиски извештаи, следење на законските измени и новини кои се имплементираат во работењето. Координираноста со остатокот од тимот на Друштвото и континуираната комуникација е важен сегмент од секој работен ден.”

    Што е за Билјана најголема мотивација во работата?

    “Вреднувањето е една од неопходните алка од овој систем. Да се вреднуваат средствата на членовите и да се создаде вредност за нив е наш успех. Да се вреднува нашиот труд е успех на компанијата и менаџментот.

    Кога ќе се исполнат овие нешта имате компанија како КБ Прво која е предвесник и лидер на пазарот.”

    Зошто КБ Прво?

    “Во КБ прво сум практично од самите почетоци. Мојот личен и професионален развој беше резултат на развојот и успехот на целиот тим и друштвото. Прво и основна причина за мојот избор е сигурноста, посветеноста, транспарентноста, стабилноста која ја нуди компанијата не само на вработените, туку на членовите и акционерите.”

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично