ПОВЕЌЕ

    „ЕУ за економски раст“: Презентација  на успесите на 20 македонски компании

    Време зa читање: 2 минути

    Денес започнува презентацијата на под-грантовата шема на проектот „ЕУ за економски раст“, при што 20 македонски компании ќе ги презентираат своите успеси кои произлегуваат од грантовата шема, која вкупно изнесува речиси четири милиони евра.

    Компаниите доаѓаат од четири економски региони кои се најпогодени од ниската конкурентност, од недостигот на иновации и на индустриски извозен потенцијал – Североисточен, Југозападен, Полог и Преспа (Општина Ресен). Овие региони се во фокусот на проектот и сите проектни мерки се дефинирани на начин на кој ги опфаќаат најслабите алки на екосистемот, зајакнувајќи ги преку градење на капацитетите на локалните организации за поддршка на бизнисите на начин кој им овозможува да им понудат на компаниите услуги преку кои ќе градат силни економски системи базирани на локалните потенцијали, но следејќи ги светските трендови.

    Целта на овој настан е да се доближат компаниите од регионите преку создавање платформа за споделување на своите грантови приказни преку три сесии, во кои компаниите се кластерирани според доминантните позитивни екстерналии кои ги постигнале преку грантовите (управување со отпад, зајакнување на конкурентноста и ефикасна употреба на ресурси).

    Грантистите ќе презентираат пред донатори и развојни агенции, орагнизациите за поддршка на бизниси и регионалните акцелератори развиени во рамки на проектот „ЕУ за економски раст“. Потоа, гостите ќе имаат можност за размена, вмрежување и изнаоѓање на синергии и потенцијални соработки.

    Настанот ќе го отвори Стефен Худолин, раководител на Одделот за Соработка на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија, а ќе се обратат и Давид Оберхубер, директор на ГИЗ Северна Македонија и Марк Барет, проектен лидер на „ЕУ за економски раст“.

    Проектот е ко-финансиран од ЕУ и Германското сојузно министерство за економски работи и климатска акција, имплементиран од страна на ГИЗ Северна Македонија и АРЕА Научниот парк од Трст, Италија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично