ПОВЕЌЕ

    Единствено со НЛБ Банка, банкарство од почеток до крај, директно преку твојот мобилен телефон

    Време зa читање: 2 минути

    Денес „mobile first” не е само тренд, туку начин поевтино, полесно и побрзо да управуваш со своите финансии. Никогаш не е доцна да научиш нешто ново, особено кога дигиталното банкарство значајно ти го олеснува секојдневието и ти овозможува банката да ја имаш секогаш со себедиректно преку мобилен телефон.

    НЛБ е првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај” и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

    Оваа сабота во нашата експозитура во East Gate Mall, во рамките на проектот за финансиски консалтинг и средби со клиентите, разговаравме токму за предностите на мобилното банкарство и за тоа како дигиталните услуги овозможуваат побрзо, поедноставно и пофлексибилно банкарско искуство.

    За клиентите кои нè посетија, ја активираа мобилната апликација мКлик и NLB Pay дигиталниот паричник и направија чекор кон својата дигитална независност веќе нема дилема што значи да се биде дигитализиран и „mobile first” во светот на финансиите.

    Тие, едноставно, сега можат сè преку својот мобилен телефон. Можат да отворат банкарска сметка, по активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

    Преку својот мобилен телефон, можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност. И сето тоа, без чекање, без непотребна посета на експозитура.

    Сè уште се двоумиш дали да се дигитализираш? Следи нè за идни настани, посети ја експозитурата на НЛБ Банка во East Gate Mall или јави се во нашиот контакт центар на 02/15600, со задоволство ќе одговориме на сите твои прашања и ќе те водиме низ процесот на премин кон дигитално банкарство со леснотија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично