ПОВЕЌЕ

    Гошев: Матна претстава за заматување на одговорноста

    Време зa читање: 7 минути

    Според сопственото признание, главниот акционер на бившата „Еуростандард банка“ чувствувал одговорност за стечајот на Банката, но само затоа што „им верувал на луѓето“; зашто не се придржувал до принципот „верувај, но и проверувај“; зашто „дозволил целата администрација во банката да го држи настрана од дневните информации, или аномалии на банката“. Тоа го вели, ни помалку ни повеќе, доминантниот сопственик на бившата банка, без чија согласност нема именување на работоводен орган и кој може во секое време да го замени, пишува Петар Гошев поранешен гувернер на Народната банка на Македонија, во својата колумна на порталот Плус Инфо.

    1. Во Македонија вчера се одржа „интересна“ конференција за печат. Бившиот сопственик на бившата „Еуростандар банка“ промовираше извештај од „незвисни“ експерти за причините за пропаѓањето на неговата банка.

    Ни соопшти дека од свои пари (што му преостанале) го финансирал извештајот, односно го платил „стручниот“ труд на „експертите“, некои од нив негови пријатели, кои сам ги изнајмил.

    Од самиот акционер не чувме ништо ново од тоа што го слушаме скоро две години. Ни повтори дека некоја „сива еминенција“ која ги ставила „под свое“ институциите во државата (лично ги избирала и гувернерите на НБРМ) и заедно реализирале заговор против неговата бивша банка. Онака, од ќеиф и од личен интерес, зашто неговата бивша банка (со одвај 3-4 отсто пазарно учество) имала перспектива да стане најдобра банка во државата, а од порано пак знаеме дека во последните петнаесет години од постоењето не само што не исплаќала дивиденда туку и дека тој морал да вложува дополнителен капитал од повеќе десетици милиони евра зашто во текот на работењето, наместо да остварува добивка, губела од законски потребниот капитал кој, се разбира, морал да го надоместува според обврската од Законот за банки.

    2. Според сопственотопризнание, главниот акционерна бившата „Еуростандард банка“ чувствувал одговорност за стечајот на Банката, но само затоа што „им верувал на луѓето“; зашто не се придржувал до принципот „верувај, но и проверувај“; зашто „дозволил целата администрација во банката да го држи настрана од дневните информации, или аномалии на банката“ и зашто дозволил тогашното раководство на банката „да им забрани на вработените во банката да комуницираат со него за евентуални проблеми во банката кои се косат со Законот за банки“, итн.

    Тоа го вели, ни помалку ни повеќе, доминантниот сопственик на бившата банка, без чија согласност нема именување на работоводен орган и кој може во секое време да го замени. Тоа го вели (истиот тој) кој бил цела деценија и претседател на надзорниот одбор чија надлежност е да ги разгледува и одобрува сите годишни и периодични извештаи на банката, без чија согласност, односно потпис нема одобрување на ниту еден поголем кредит. Тоа го вели таткото (истиот тој акционер) чиј син близу две децении бил претседател на двата кредитни одбори на бившата банка – Одборот за кредитирање на физички лица и Одборот за кредитирање на правните лица. Тоа го вели „газдата на банката“ кој, наводно бил „развластен“ од оние на кои секој момент може да им даде отказ, разрешување, разместување итн., и да именува нови лица, во согласност со Законот за банки.

    3. Од приватно изнајмените експерти (платени од имотот што не му бил заробен од државата) посебно од главниот од екипата, чувме дека постоела голема шема на незаконско кредитирање во банкарскиот сектор на Македонија, поради што страдале мали банки и повеќе фирми во Македонија; дека сите институции во државата затаиле во попречувањето на таа „голема и незаконска шема на кредитирање и позајмување пари; дека тоа ќе довело (наскоро) до дестабилизација на финансискиот сектор на државата, итн. Ваква оценка за скорешно заглавување на банкарскиот (и финасискиот) сектор, главниот експерт ја извлекува врз основа на „анализата“ за пропаѓањето на бившата „Еуростандард банка“, како и врз сé уште необјавената анализа/извештај за некои незаконскишеми за кредитирање и позајмување кои ги изведувале со децении, наводно седум банки во Македонија, кој пак наскоро ќе бил дополнително објавен. И покрај неспорниот факт дека во секој банкарски ситем има еден процент на лоши пласмани, па и нефер практики, па така и во македонскиот, неверојатно е како овие „експерти“ знаат подобро од експертите на НБРМ, на Светската банка, на ММФ, на Европската комисија, на најреномираните светски агенции за определување на кредитниот рејтинг на земјите во светот, во каква состојба е банкарскиот и вкупниот финансисики ситем на Македонија. А тие, веќе со години по ред запишуваат во своите извештаи дека банкарскиот сектор на Македонија е стабилен, добро капитализиран и со сé понизок процент на нефункционални (ненаплатливи) кредити.

    4. На одржаната презентација на извештаите, кон НБРМ „понастрвени“ беа самиот нарачател на „експертизата“ и неговите домашни помошници во претставата. Разбирливо, тие се засегнатите од нејзината одлука но, истовремено и многу „попосни“ во познавањето на доменот на работата и улогата на една Централна банка. Увезените експерти беа повоздржани, констатирајќи дека: „НБРМ имала законска основа да ја донесе одлуката за стечај“ на бившата „Еуростандард банка“; дека „од 2013 до 2020 година презела голем број мерки (да прецизираме, изрекла преку 30 правни акти на сметка на банката во кои биле содржани околу 120 различни мерки) за да прекине лошото управување со бившата банка од страна на раковдните лица и акционерите и подобри нејзината состојба. Но, под влијание на „инфорамциите“ од главниот акционер и Банката (нивниот единстден извор) тие ги поставуваа прашањата за кои се многу, многу понекомпетентни од супервизорите на НБРМ, како на пример: зошто мерката стечај не била изречена 2019. наместо 2020. година (демек тоа е нешто сомнително) зошто некои од другите мерки кои ѝ стоеле на располагање на НБРМ не биле применети пред, евентуално, да се примени ригорозната мерка за „стечај“ (а велат дека НБРМ имала основаза изеречната мерка); и зошто не му се овозможило на некој (познат) потенцијален инвеститор да ја купи банката пред донесувањето на одлуката за стечај – прашања кои добија исцрпни одговори од НБРМ во деновите веднаш по изречената мерка. Но и прашања за кои нарачаните експерти не се потрудиле, а можеле, во разговорсо надлежните од НБРМ да им бидат објаснети, доколку навистина им биле нејасни или нелогични. Доколку се потруделе тоа да го сторат, сигурно немало да има потреба со нив да ги оптоваруваат ниту извештајот, ниту самата прес-конференција.

    5. Се разбира, како што беше спомнато погоре и да повториме, никој не може да тврди дека нема нефер постапки помеѓу банките, од една страна, и нивните клиенти, од друга; дека некој некого не оштетил во меѓусебните деловни односи на релација банки-клиенти и дека дури и за едно многу посолидно судство од македонското, раздавањето право во предмети од оваа сфера е посложена задача. Тоа го имало, ќе го има и во иднина, исто како што го има (се рабира важни се димензиите на таквите практики) и во државите кои се сметаат дека се перјаници во примена на законите. Но, треба добро да се познава што е надлежност на НБРМ во таквата ситуација, што на судовите, на јавните обвинителства, на финансиската полиција и на другите државни институции за санкционирање на таквите практики.

    6. Колку се „сигруни“во своите „наоди“приватно изнајмените експерти – вклештени помеѓу правдањето на дебелите хонорари од нарачателот на „стручниот памфлет“, кој со пари сака да си ја испере својата дамка пред жртвите од неговата неодговорност, од една страна, и можноста за евентуално покренување правна одговорност за нивните лесно напишани и изречени „обвиненија“ од друга страна, зборува тканаречената „Правна напомена“ што ја даваат на почетокот на извештајот (од 160-страници) за бившата „Еуростандард банка“. Во таа „Правна поука“, со која всушност самите се оградуваат од она што го изнеле во Извештајот, меѓу другото стои:

    „Овој извештај се заснова на информациите, документите и помошта обезбедени исклучиво од страна на клиентот. Според тоа, истиот е даден исклучиво за информативни цели…. И покрај тоа што ние вложивме максимални напори за да обезбедиме точни и нвремени информации не може да се гарантира дека тие информации се точни на датумот на кој се примени или дека ќе продолжат да бидат точни во иднина. Никој не треба да постапува по таквите информации без соодветен стручен совет по темелно разгледување на конкретната ситуација. До степенот до кој е законски дозволено, компанијата Р.У.Р. нема да се смета за одговорна за какви било грешки, недостатоци или погрешни толкувања на информациите….“ Ете, ова, веројатно е доволно за секој потенцијален читател на Извештајот да размисли колку време да му посвети.

    Продолжи со читање на текстот на линкот: https://plusinfo.mk/matna-pretstava-za-zamatuva-e-na-odgovornosta/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично