ПОВЕЌЕ

    Америка наеднаш ја зголеми употребата на комерцијалните дроновите

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемените очекувања на рабоата со комерцијални беспилотни летала во САД, како што се леталата за испорака, ги охрабри истражувачите на авионските несреќа да ги прошират своите работења и со други видови на летала.

    Националниот одбор за безбедност на сообраќајот на САД (НТБС) во четвртокот предложи да ги прилагодат на своите критериуми за отворање истраги, подготвувајќи се за време кога небото би можело да биде преполно со беспилотни летала, за што носи нови ризици.

    Актуелните правила на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот, кои ја регулираат неговата надлежност за беспилотните летала, присутни се од 2010 година и не предвидуваа употреба на овие авиони за комерцијални цели, како што е испорака на стоки што ги користеше Амазон.

    Националниот одбор за безбедност на сообраќајот ги испитува несреќи со беспилотни летала-дронови само ако тие тимаат тежина од 136 килограми или повеќе. Агенцијата сака да создаде нови регулативи што би вклучувале беспилотни летала од сите големини кои би добиле дозвола за лет од Федералната управа за авијација за комплексни трговски операции, а тоа вклучува летови и над населените места.

    Помалите уреди, популарни кај хобистите, генерално би биле изземени од новите регулативи за НТСБ. Агенцијата навела дека значително оштетениот дрон за испорака може да создаде значителни безбедносни проблеми, како и дека истрагите можат да ја зголемат безбедноста на воздухот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично