КХВ: Успешно совладано второто ниво од сертифицираната програма за портфолио менаџер

Датум на објава: 11.02.2020

Време зa читање: 2 минути

Во изминатиов период слушателите на првата организирана обука согласно Сертифицираната програма за портфолио менаџер која е изработена од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија во соработка со Академијата АБИТ, а која истите ја започнаа на почетокот на 2019 година успешно го совладаа второто ниво.

Во второто ниво слушателите имаа можност да се запознаат со темите поврзани со корпоративните финансии, инвестициските инструменти и анализата и вреднувањето на сложените финансиски инструменти. По спроведеното тестирање на стекнатото знаење, сите слушатели истото успешно го положија и се стекнаа со Сертификат за положено второто ниво од Сертифицираната програма за портфолио менаџер кои денес беа доделени во просториите на Комисијата.

Програмата за сертифициран портфолио менаџер претставува развивање вештини, односно учење за тоа како да се спроведат мерењата на портфолиото. Со секој модул и тематска единица од Програмата, слушателите се стекнуваат со јасна слика за портфолио стратегиите кај различни класи на имот, вклучувајќи го фиксениот принос, капиталот и алтернативните начини на финансирање.

Прочитајте и ...  Тројца членови на Управниот одбор на Макпетрол купија акции на компанијата.

Главна цел на обуката е развивањето на вештини за проценка на основната веројатност и статистика, запознавањето со сите инструменти и концепти на фиксениот принос и вреднувањето на капиталот.

Следниот период од два месеци ќе продолжат предавањата од третото ниво на програмата, кои ќе се осврнат кон суштинските теми од областа на портфолио менаџментот, како од неговата теорија така до неговото управување од страна на искусни предавачи, практичари на проблематиката.

Извор: Интернет-страницата на Комисијата за хартии од вредност


Тагови: АБИТ, Комисија за хартии од вредност,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: