
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат денес, 23 октомври (петок), поради државниот празник Денот на македонската револуционерна борба.
Од Банката информираат дека во сабота, 24 октомври, ќе работат експозитурите кои имаат редовно работно време во сабота.
Во текот на празникот, клиентите ќе можат да ги користат банкоматите на Комерцијална банка за подигнување и уплата на готовина, додека за останатите финансиски трансакции ќе им бидат достапни дигиталните услуги преку Интернет банка и мБанка.
За корисниците на платежни картички, 24 часа дневно, седум дена во неделата, достапна е дигитализираната експозитура на улица „Македонија“ во Скопје, како и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија.
Дигиталните услуги се достапни и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово – Илинденска.
На овој начин, и покрај неработниот ден, клиентите ќе имаат пристап до дел од банкарските услуги преку дигиталните канали на Банката.
Аналитика








