Еве како комунистот левичар Џи Хипинг ги измами паметните Европејци и демократите Американци. Пред очите на целиот свет, одиграа прекрасен натпревар, објавија повеќе босански медиуми.
Заработени повеќе од 20 милијарди долари во неколку дена! Покрај тоа, таа врати околу 30 отсто од акциите во компаниите што ги држеше Западот во Кина!
Претходно, акциите на технолошките компании им припаѓаа на Европејците и Американците кои ги дислоцираа своите валкани индустрии во Кина. Ова значи дека скоро половина од приходите од тешката и хемиската индустрија не одеа во кинеската каса, туку на сметките на „финансиски ајкули“ во Европа и Америка.
Поради ситуацијата во Вухан, паричната единица започна да опаѓа, но кинеската Централна банка не направи ништо за да го поддржи кинеското платежно средство, односно јуанот. Имаше многу гласини дека Кина немала доволно маски за борба против вирусот корона.
Овие гласини и изјавата на Џи Хипинг дека е подготвен да го заштити народот на Вухан со блокирање на границите, доведоа до остар пад на цените на акциите (44 проценти), од кинеската технологија и хемиската индустрија. „Финансиските ајкули“ започнаа со продажба на сите кинески акции, но никој не сакаше да ги купи сè додека не станат тотално багателни.
Џи – потоа влечејќи го маестралниот, чекаше цела недела и само се смешкаше на прес конференциите.
И кога цената падна под дозволената граница, тој даде налог, во еден момент, да ги купи сите акции на Европејците и Американците! Тогаш „финансиските ајкули“ сфатија дека се измамени и изиграни! Но беше предоцна!
Акциите веќе беа во рацете на KNR!
Не само што Кина заработи 20 милијарди долари, туку ги врати акциите на своите компании во Кина и стана сопственик на тешката индустрија од која зависат ЕУ и Америка, а сега цената ја утврдува Комунистичката партија на Кина! Сега приходот на нивните компании не ги надминува границите на Кина, туку останува дома! И девизните резерви на Кина и златото се зачувани!
Така, F.M.P. се запрепасти, а за неколку минути Кинезите ги подигаа своите акции, кои сега им носат … милијарди долари приходи!
Ваквата голема операција, сè уште не се случила во историјата на светската берза! И вие, за коронавирусот! И маски увезени од Кина… Шах мат!
(Авторот Емерин Ахметашевиќ е новинар на босанската ТВ Хајат)